Министрите за надворешни работи на Европската унија ги повикаа САД да ја преиспитаат својата одлука да им забранат на палестинските претставници да присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
Зборувајќи по министерскиот состанок во Копенхаген, Калас додаде дека побарала од владите на земјите-членки да достават предлози за нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина до следната недела.
Во исто време, данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека Израел го поткопува решението за две држави со своите акции во Газа, објави Ројтерс.