Министрите за надворешни работи од ЕУ одлучија да ги одложат новите санкции против Русија

од desk3
99 прегледи

Министрите за надворешни работи на 28-те земји од ЕУ одобрија проширување на “црната листа” за руски граѓани и сеператисти од југоисточна Украина, но го одложија влегувањето во сила.

Ова го соопшти францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, цитиран од Франс прес.

“ЕУ се согласи да ја одложи примената на нови индивидуални санкции против Русија, за да даде време и да види дали средбата за Украина во среда ќе бележи напредок”, изјави Фабиус.

“Принципот на санкциите ќе биде зачуван, но нивното спроведување ќе зависи од ситуацијата на теренот”, рече францускиот министер во Брисел. “Ние ќе ја оцениме повторно ситуацијата следниот понеделник”, додаде тој.