Минков: Доколку Бугарија ја блокира С.Македонија, тоа би имало поразителен ефект за нашите односи

од Берта Китинска
291 прегледи

Се надевам дека нема да дојде до блокада на стартот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ, бидејќи доколку Бугарија ја блокира земјата, тоа би имало поразителен ефект за нашите односи, смета долгогодишниот дописник на Бугарското национално радио од Скопје, Мартин Минков.

– Во моментов сме во деликатен период, бидејќи се чека тешката одлука за почеток на процесот на пристапни преговори, изјави Минков при гостување во емисија на БНР.

Тој смета дека е потребен политички поттик за надминување на актуелниот спор и очекува дека ќе дојде до средби на претставници на владите на двете земји пред носењето конечна одлука за почеток на преговорите.

Минков оценува дека Договорот за добрососедство меѓу двете земји не може да се сведе само на историјата и работата на заедничката Комисија за историски прашања и тие да бидат основа на развојот на идните односи, посочувајќи дека има недостиг на меѓусебна отвореност меѓу двете земји на економски и културен план.

Слични содржини