На денешната свеченост во кумановската касарна „Боро Менков“, бригадниот генерал Мирче Ѓорѓоски ја прими должноста командант на Командата за операции (КО), заменувајќи го бригадниот генерал Бесник Емини. Указот за именување беше потпишан од претседателката на Републиката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова.
Генерал Ѓоргоски, кој досега ја извршуваше функцијата началник на штаб во КО, сега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата. Во својот говор, новиот командант изрази благодарност за довербата која му е дадена и за покажаното лидерство од страна на неговиот претходник, генерал Емини.
„Следуваат важни приоритетни задачи, вклучително и модернизацијата на Армијата, која е најголема во историјата и бара максимално ангажирање“, истакна Ѓорѓоски.
Генералот Емини, кој ја извршуваше оваа должност од јуни 2021 година, ќе продолжи со работа како државен советник за политика и планирање во Министерството за одбрана. Во своето обраќање, тој се заблагодари на припадниците на КО за нивниот професионализам и резултати.
Свеченоста ја присуствуваа високопозиционирани лица од армијата, вклучувајќи го началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и други генерали, пензионирани генерали, како и претставници од локалната самоуправа.