Мирчески доби 30-дневен притвор

од Nikola Popovski
45 прегледи

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на Пеце Мирчески, поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи.

Од Судот велат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое:

„Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите за опасност од бегство и можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.

Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, стои во соопштението.

Jавен обвинител од ОЈО Скопје веќе даде наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едниот е Мирчески, кој се сомничи за примање поткуп и проневера во службата и за сопственик и управител на правно за кој постои сомневање за давање поткуп.

Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година. Тој имаше и партиска функција како претседавач на Централниот одбор на СДСМ.

Слични содржини