Северна Македонија и Албанија мора брзо да бидат примени во Европската Унија.
Ова за БНТ го изјави Ивајло Мирчев, пратеник од „Демократска Бугарија“, заменик-претседател на Комисијата за енергетика на Народното собрание.
„Наша желба е РСМ и Албанија да бидат членки на ЕУ, нема промена на бугарскиот став по промената на Уставот во Северна Македонија. Бугарија направи многу компромиси, Македонија е на потег“, истакна тој.
„Тие се поподготвени во сите компоненти отколку кога Бугарија влезе во ЕУ во 2007 година. Мораме да го браниме бугарскиот интерес и не смееме да подлегнеме на притисокот“, додаде Ивајло Мирчев.