Мирен состанок, бурен прес – Мелони фатена во американскиот медиумски вртлог

од Љубиша Владимиров
116 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, а една нејзина реакција привлече посебно внимание. Имено, по средбата, Мелони и Трамп одржаа прес-конференција на која зборуваа за впечатоците од разговорот.

По воведните изјави на Трамп и Мелони, американскиот претседател им се обрати на насобраните новинари и им кажа дека можат да почнат со поставување прашања. Сепак, новинарите не ја следеа конкретната насока и сите се обидоа истовремено да постават прашање, и на Трамп и на Мелони.

Во тој момент, италијанската премиерка не можеше да ја сокрие својата реакција. Со еден потег јасно покажа дека е изненадена од медиумското „цунами“ што следеше. Нејзината реакција може да се види на видеото снимено во Белата куќа, во петтата минута и 25-та секунда.

Прес-конференциите во Белата куќа отсекогаш привлекувале големо медиумско внимание, но со доаѓањето на Доналд Трамп тој сегмент доби уште поголема видливост. Иако прашањата на новинарите по средбите на Трамп со странски државници најчесто се вообичаени и не преминуваат одредени граници, одредени ситуации покажаа дека атмосферата може да биде значително поинаква и понепријатна за гостите.

Тоа најдобро го почувствува претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кого еден американски новинар го праша зошто никогаш не носи костум. Тоа прашање беше вовед во светска расправа во која се вклучија и членови од администрациите на Трамп и Зеленски.

Слични содржини