Авионот со кој требаше да патува бугарскиот премиер Бојко Борисов, а поради технички причини едвај слета на софискиот аеродром е запечатен и е ставен под постојана стража и видео надзор, пренесува бугарскиот ве
сник Труд.
Верзијата за саботажа против премиерот во врска со инцидентот со владиниот “Фалкон” не е исклучена и тоа е причината авионот да биде запечатен и строго чуван, додека не дојдат претставници на швајцарската фирма која технички го одржува технички. Ова за “Труд” го изјавил поранешниот шеф на владината агенција за одржување на државните летала Авиоотрјад 28, Пенчо Пенчев.
Налогот за запечатување на авионот е издадено од НСО во средата вечерта, откако “Фалконотт” слета неочекувано на аеродром Софија. Пред тоа тој лебдеше 1 час над главниот град, за да го потроши горивото, откако сигнализацијата покажала дека левиот дел за слетување не се прибрал. Швајцарците од “Таг Авиејшн” требало синоќа да слетаат во Софија.
Владиниот “Фалкон” со години стоел на отворено, бидејќи за него не бил пронајден хангар за чување што е според упатствата на производителот дека машината треба да се чува во затворен простор, рече пред тоа Пенчев на БНТ. Пред неколку години поради таа причина дошло дури до нарушување на слоевите.
Ова сепак не може да биде директна причина за инцидентот, сметаат други експерти. Според нив најверојатно електрониката е причина за неуспех и затоа слетување воопшто не можел да се оствари. Инструкциите во такви случаи се авионот да слета назад, што сепак не може да стане со полн резервоар, бидејќи тогаш постои опасност од експлозија на горивото.
Пилоти на “Фалкон” во средата вечерта беа Тодор Тодоров и Атанас Марков – едни од најискусните вработени на Авиоотрјад. Тие биле пофалени од премиерот Бојко Борисов.
Во меѓувреме од вчера Авиоотрјадд 28 има нов шеф – Венелин Рачев, досегашен главен инженер. Претходниот, Тодор Бојаџиев, поднесе оставка во средата поради несогласување со начинот на финансирање. Меѓу промената и инцидентот нема никаква врска, рече министерот за транспорт Ивајло Московски.
106