Многу се луѓето кои сакаат да направат тетоважа. Дали затоа што тоа го разбираат како начин да се изразат себеси или затоа што едноставно сакаат да бидат во чекор со модата – не е важно.
Главната загриженост доаѓа од тоа дека едно такво дејство останува за цел живот, а тоа понекогаш може да биде застрашувачко. Се разбира, за сите со такви стравови има и решение – привремена тетоважа.
Најновиот хит меѓу привремени цртежи на кожата е додавањето на пријатен мирис кон нив, со кој не само што оставате впечаток во очите, но и во сетилото за мирис.
Француски уметник стои зад создавањето и претставувањето на новиот производ, а разновидноста доаѓа со убави цртежи на сини хортензии, розови и виолетови божури и рози.
Сите тетоважи имаат свој мирис со различни цветни ноти.
За да ги поставите тетоважите, само треба да ги извадите од пакувањето, да ги поставите на кожата и да навлажните добро. На овој начин не само што ќе ги залепите на кожата, но и активирате мирисот.