Мирна ноќ на северот на Косово, граѓаните и денес се собираат пред општинските згради

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Ноќта на северот на Косово помина мирно, а граѓаните и денес се собираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ до исполнување на нивните барања, пренесе „Танјуг“.

Утрово вработени во локалната самоуправа, кои не можат да одат на своите работни места, пред бодликавата жица, се пријавиле на импровизиран список за доаѓање на работа.

По насилниот упад на косовските специјалци во петок, на 26 мај, до општинските згради во три општини на северот на Косово, граѓаните секојдневно се собираат пред зградите на наведените општини и тоа ќе го прават се додека не се исполнат барањата за повлекување на специјалците и новоизбраните градоначалници Албанци.

Слични содржини