Мирослав Богдановски од ДОМ си поднесе оставка од функцијата пратеник

од Берта Китинска
266 прегледи

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка од функцијата пратеник. Се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.

-Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече претседателка на ДОМ, Маја Морачанин во денешното гостување на Утрински брифинг.

На денешната собраниска седница ќе биде констатирана неговата оставка.