Мирослав Лајчак: Бугарија и Романија треба да влезат во Шенген

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Мирослав Лајчак рече дека ЕУ не треба да се плаши од проширувањето на Шенген.

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак изјави дека Европската унија не треба да се плаши од проширувањето на Шенген зоната и повика за влез на Бугарија и Романија. “Бугарија и Романија треба да се приклучат на Шенген зоната, како земји кои ги исполниле критериумите за членство”, изјави првиот дипломат на Словачка, цитиран од “Sputnik”. Според неговите зборови доцнењето на двата соседи е последица на политички тешкотии и немање технички карактер. Тој посочи дека е неопходно да се подобри контролата на надворешните граници на Шенген зоната. Според Лајчак еден од главните проблеми на миграцисксата  криза е недостатокот на размена на информации меѓу земјите-членки.

Локално.мк потсетува ,Шенген зоната вклучува 26 европски држави, кои се согласиле да ги отстранат граничната контрола. Бугарија и Романија, како и Хрватска и Кипар, сакаат да се приклучат на Унијата, додека Велика Британија и Ирска одбиваат да го направат  овој чекор.