Мисајловски: Еден од најголемите ризици се дезинформациите и влијанието од хибридните закани од Русија

од Nikola Popovski
47 прегледи

Една од заканите се дезинформациите и влијанието што доаѓа од хибридните закани од Русија, но и мешање во внатрешни работи, поготово и во политичкиот живот, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски на прашањето што е најголем ризик за македонската демократија и општество.

На денешната конференција „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“, министерот истакна дека е важно да се следат и превенираат сите радикални случувања околу нас.

-Мораме да ги следиме сите ќелии, структури, повратници од некои жаришта и мора да бидеме будни. Ситуацијата е стабилна и на највисоко ниво, но мора да бидете на подготвеност. Од друга страна, од она што се случува на Блискиот исток, може да се зголеми бројот на мигранти на балканската рута и тоа би влијаело на нашата безбедносна ситуација. Тоа прашање исто така е клучно за наредниот период. На целата состојба влијаат и изборите во САД. Моето лично мислење е дека ние повторно треба да бидеме будни и заеднички да соработуваме со нашите пријателски земји, особено во делот на разузнавање и споделување на информации, кажа меѓу другото, Мисајловски.

Министерот тврди дека имаме одлични релации со нашите соседи, особено во делот на Министерството за одбрана и Армијата.

Слични содржини