2,4K
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ја презеде функцијата министер за одбрана од досегашниот заменик-министер за одбрана, Тирон Јајага.
Во текот на денот закажани се примо-предавања и на другите министерски функции, како и премиерската во Владата.
Мисајловски од 2012 до 2014 година беше државен секретар во Министерство за надворешни работи, а во 2014 државен секретар во Министерство за транспорт и врски. Од 2014 до 2015 година, Мисајловски беше назначен за директор на јавното претпријатие за државни патишта, а од 2015 до 2017 година беше министер за транспорт и врски во владата на екс-премиерот Никола Груевски.
Претходно министерка за одбрана беше пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.