74
Во најбрз можен рок до Владата ќе биде доставен нов закон за пожарникарите, информира денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
„Министерството за одбрана во наредниот период ќе ги испита предлозите за кои во изминатите неколку години, работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеа на подготовка на новиот Закон за пожарникари и во најбрз можен рок најверојатно ќе излезе со предлог до Владата“, истакнува Мисајловски.
Инаку дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации буџетот на Министерството за обрана. На ниво на држава 734 пожарникари се финансираат преку наменски дотации.