33
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска, по повод 33-годишнината од независноста на Украина, изјави дека ЕУ ќе стои на страната на Киев додека не победи во војната со Русија.
„Драги Украинци, вашата храброст е пример за нас и не потсетувате дека слободата е нешто за што мора да се бориме. Ќе бидеме со вас додека не победите“, сподели тој на мрежата Х.
Мишел додаде дека се ближи денот кога ЕУ ќе ја пречека Украина во блокот, „таму каде што и припаѓа“.