150
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека Европската унија нема да ги признае референдумите во четирите области во Украина под контрола на Русија, ниту нивните резултати.
„Лажни референдуми. Лажни резултати. Нема да го признаеме ниту едното ниту другото“, напиша Мишел на Твитер.
Западот и Украина остро го осудија одржувањето на референдумот, а Западот ѝ се закани на Русија со нови санкции поради референдумот.