Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оцени дека се неприфатливи наредбите на израелските власти за евакуација на цивилите од Рафа, на југот на Појасот Газа, поради офанзивата врз тој град.
Ја повикуваме израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и ја повикуваме да не презема копнена операција во Рафа“, напиша Мишел на платформата Х.
Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафа, каде што живеат околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението на Газа, кое таму побарало засолниште од војната меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас.
Израел смета дека Рафа е последното упориште на борците на Хамас и дека армијата мора да влезе во градот за да го уништи движењето и да ги ослободи заложниците земени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.