226
Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Мишел Обама (58), изјави дека 10 години не можела да го поднесе својот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, пренесува „Гардијан“.
Во интервју за ТВ Револт, во кое ја промовираше својата книга, таа рече дека грижата за нејзините ќерки кога биле мали, го оптоварувала нивниот брак.
„Имаше 10 години кога не можев да го поднесам мојот сопруг. А погодете кога се случи тоа? Кога децата беа мали“, вели Мишел, која е во брак со поранешниот прв човек на САД околу 30 години.