Мишел Обама за поддршката на Бајден за втор мандат: „Ќе треба да видам“

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Поранешната прва дама Мишел Обама го пофали актуелниот американски претседател Џо Бајден во интервју за ABC News, наведувајќи дека претседателот одлично си ја врши работата. Сепак, таа избегна да му даде директна и недвосмислена поддршка на Бајден за уште еден мандат во Белата куќа.

„Знаете, јас, јас… ќе мора да видам“, одговори Мишел на прашањето дали се надева на кандидатурата на Бајден на претседателските избори во 2024 година.

„Тоа е лична одлука што тој и неговото семејство мора да ја донесат. Веројатно, да не го доживеав тоа, ќе се чувствував порелаксирано кога ќе дадам мислење за тоа, но знам дека тоа е личен избор и не сакам да бидам еден од милионите луѓе кои го оценуваат она што тој и Џил би требало да го направат“, додаде Мишел.

Слични содржини