Мишел Обама за расистичките обвинувања на Меган и Хари: „Срцето ми се скрши“

од Stefanija Kuzmanovska
602 прегледи

Мишел Обама во интервју за емисијата NBC’s Today зборуваше за интервјуто на Меган и Хари со Опра Винфри и рече дека тие отвориле голем број лични теми, вклучувајќи расизам и ментално здравје. Меган во интервјуто изјави дека неименуван член на кралското семејство го прашал Хари „колку може да биде темна кожата на нивниот син Арчи“.

„Срцето ми се скрши кога слушнав како се чувствува – во нејзиното семејство. Нејзиното сопствено семејство за неа размислувало на поинаков начин“, рече Мишел.

Во интервју за Ен-Би-Си, Мишел беше запрашана за моментот кога Меган ѝ кажа на Опра дека „доживеала расистички забелешки“.

„Како што реков претходно, прашањето за расата на овој свет не се ништо ново за луѓето со потемна боја на кожата, па затоа што не ме чудеше кога слушнав како се чувствува таа за тоа“, одговори таа.

Мишел рече дека се надева дека Меган и Хари ќе најдат начин да се смират со кралското семејство.

„Се надевам, размислувајќи за тоа низ што минуваат и колку е важно семејството, дека ќе има место за прошка и дека во одреден момент ќе дојде до јасност, љубов и одлучност“, навела таа.

Слични содржини