Мишел порача: Поразот не е опција за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека поразот не е опција за Украина.

Тој во објава на Твитер напиша дека на Украина ѝ е потребна муниција за да се одбрани.

„Затоа работиме на организирање масовни нарачки со цел да го поддржиме темпото на нашата испорака на муниција во Украина“, рече Мишел.

На 24 февруари минатата година Русија започна специјална воена операција во Украина, откако самопрогласените републики во Донбас побараа нејзина помош.

Западот воведе бројни санкции кон Русија и продолжува да испраќа воена и финансиска помош за Украина.

Слични содржини