305
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ му посака добредојде на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на аеродромот во Охрид.
-Исклучително важна посета во важен момент за нашата земја и за целиот регион. Ќе имаме одлична можност со г-динот Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ и да поразговараме за идните планови за натамошен развој на Западен Балкан и ЕУ, во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство, објави Маричиќ.
Мишел ќе учествува на Преспа форумот за дијалог, кој во наредните два дена ќе се одржи токму во Охрид.