Миши кон Конте: Ме гледаш ли?

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Новата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Миши Батшуаи призна дека имал тешкотии во Челзи, бидејќи не добивал редовно минути на теренот.

Белгиецот, кој игра под наем на „Сигнал Идуна Парк“, упати порака до менаџерот на „сините“, Антонио Конте, кој не се потпираше на него. Во летото, стрелецот речиси сигурно ќе се врати во Лондон, бидејќи во неговиот договор за позајмица во Дортмунд нема опција за купување.

„Не ми беше лесно во Челзи. Сега веќе играм со голема самодоверба. Да седиш на клупата, да постигнеш гол и повторно да седнеш на клупата е тешко за еден напаѓач. Не знам дали Конте ги гледа моите натпревари сега, бидејќи тој е фокусиран на Премиер лигата и важниот натпревар во Лигата на шампионите следната недела. Се надевам дека работите ќе излезат добро за нив“, прокоментира Батшуаи.

Слични содржини