Мишо Ковач заврши во сплитската болница

од Vladimir Zorba

Легендарниот пејач Мишо Ковач заврши во болница, а како што пишува денеска „Далмација“, тој е стабилен и се чувствува добро. Тој е на Одделот за белодробни заболувања во Клиничкиот болнички центар Сплит, а за неколку дена треба да биде пуштен на домашна нега.

80-годишниот Мишо Ковач имаше проблеми со дишењето, а според првите информации, проблемите не се предизвикани од коронавирусот.

Пејачот пред две години поради слични проблеми се лекуваше во загрепската Специјална болница за белодробни заболувања, каде закрепнуваше од тешката белодробна инфекција.

Само неколку дена пред тоа тој одржа концерт пред 12.000 луѓе во арената „Спаладиум“.

Слични содржини