Мисија на ММФ  утре доаѓа да ја скенира македонската економија

од desk3
92 прегледи

mmf_56
Тим на ММФ предводен од новиот шеф на мисијата во земјава, Јесмин Рахман, од утре па во наредните две недели ќе го прави годишен преглед на македонската економија. Рехман доаѓа на местото на Ивана Владкова Холар.
Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанок на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен.

Овие проверки се дел од редовните набљудувања на Фондот на сите свои 118 земји членки.