Мисијата на Де Лаурентис успешна: Конте останува тренер на Наполи

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Антонио Конте ќе го води Наполи од клупата следната сезона! Мисијата на претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, беше успешна, кога стави „ол ин“ на одличен тренер (плата, засилувања…) како во казино, бидејќи пред полноќ ја доби многу посакуваната порака од експертот за трофеи: „Останувам“.

Де Лаурентис, инаку филмски магнат, објави пост на социјалните мрежи со слика од нив двајца и коментар: „Со полна брзина напред, посилно од претходно“.

Навивачите се воодушевени и затоа што останувањето на темпераментниот Конте значи и дека тимот ќе биде значително засилен за Лигата на шампионите на УЕФА.

Првото потпишување се очекува на почетокот на неделата затоа што Кевин де Бруин вети дека ќе донесе одлука за својот нов клуб до 3 јуни, а италијанскиот шампион е на врвот на листата. Останувањето на Конте би можело да биде пресудно за Белгиецот, особено затоа што во тимот ќе го има својот пријател Ромелу Лукаку.

Слични содржини