„Ова е четврт ден од мојот штрајк со глад. Се уште нема никаков одговор од страна на властите по однос на моето трето барање: ослободување на притворените лица во Центарот во Гази Баба и негово последователно затворање. Ситуацијата во Центарот е неподнослива и веднаш треба да се одговори на ова. Барам премиерот Груевски јавно да го искаже својот став за ова прашање, во рок од 24 часа: дали оваа криза ќе се реши или не. Неуспехот да се обезбеди конечно решение, ќе испровоцира мојот штрајк да биде тотален: освен храната, ќе биде исклучена и водата. Исто така, доколку мојата состојба се влошува, одлучно ќе одбијам било каква медицинска интервенција“-пишува аналитирачот Суад Мисини кој штрајкова со глад поради неуспехот на справување на државата со мигрантите и нечовечкото постапување со нив од страна на властите.

