“Ако ја поставиш главата во устата на лавот, не треба да се жалиш, во случај да еден ден тој ја откине.”
Агата Мeри Кларис Кристи е англиска писателка родена во 1890 година. Автор е на над 60 криминалистички романи, 17 драми, вклучувајќи и 6 романтични новели. Пред да почне да пишува учи пеење и работи како медицинска сестра.
Првиот роман “Аферата во Стајлс”, го издава во 1920 година, но успехот доаѓа кај неа со објавувањето на “Убиството на Роџер Акројд”. Агата Кристи фигурира во “Книгата за рекорди”, како најпродаваниот автор на уметничка литература на сите времиња.