“Кој еднаш бил господин, секогаш ќе биде господин.”
Чарлс Дикенс е англиски писател, одреден како најзначаен прозаик на Викторијанската ера.
Својата популарност успева да ја достигне уште додека е жив. Роден е во 1812 година во Портсмут.
Во 1824 година татко му е испратен во затвор, поради финансиски обврски и младиот Дикенс започнува работа во фабрика.
Во 1827 година работи во адвокатска фирма како службеник, а една година подоцна ја напушта за да работи како слободен новинар.
Едни од неговите најпознати дела се “Посмртни забелешки на клубот Пикуик”, “Авантурите на Оливер Твист”, “Николас Никелби” и други.