Мисла на денот од Лајза Минели

од Vladimir Zorba
190 прегледи

“Сонувајте. Нека умот ве однесе до места до кои би сакале да одите, а потоа мислете за нив, планирајте и искористувајте ги можностите. И не слушајте ги оние кои не знаат како да сонуваат.”
Лајза Минели е американска актерка и пејачка, родена на 12 март 1946 година во Лос Анџелес. Таа е ќерка на познатата актерка Џуди Гарланд и режисерот Винсент Минели. Само како 16-годишна таа заминува за Њујорк за да ја гради својата кариера. Првата улога ја добива во театарската продукција “Best Foot Forward”, а една година подоцна игра со нејзината мајка во “London Paladium”.

Успесите за Лајза не доцнат. Добитник е на голем број престижни награди, меѓу кои наградата “Оскар”, награда БАФТА “Греми”, “Златен глобус”.