Мисла на денот од Одри Хепберн

од Vladimir Zorba
83 прегледи

“Верувам во розово. Верувам дека смеата е најдобриот начин за согорување на калории. Верувам во бакнежите, во многуте бакнежи. Верувам во тоа да бидеш силен, кога ништо не е во ред. Верувам дека среќните девојки се најубавите девојки. Верувам дека утре е нов ден и верувам во чуда. “
Таа ќе остане во историјата како една од најистакнатите жени и актерки.

Одри Хепберн е родена на 4 мај 1929 година. Детството ѝ поминува исклучително тешко во нацистичкиот режим во Холандија за време на Втората светска војна.

Таа развива акутна анемија, проблеми со дишењето и мноштво отоци како резултат на неухранетост.

Уште од дете се посветува на балетот, а подоцна решава да стане и актерка. Нејзината ѕвезда изгрева откако е забележана во бродвејската продукција “Џиџи” (1951). Одри Хепберн многу брзо успева да се наметне како успешна актерка.

Номинирана е 4 пати за “Оскар”, а во 1953 година ја освои и статуетката за учество во филмот “Одмор во Рим”.

Хепберн долги години е и амбасадор на УНИЦЕФ. Умира во 1993 година.