Мисла на денот од Ошо

од Vladimir Zorba
112 прегледи

“Сите сме единствени. Никогаш не прашувај никого што е правилно, а што не е. Животот е експеримент и додека тече овој експеримент, треба да си разјасните што е добро, а што лошо. Понекогаш ќе се случи да сторите нешто неправилно. Но, тоа ќе ви даде искуство, од кое може да се извлече корист. Постојат моменти кога Бог доаѓа и тропа на врата. Тоа е љубовта – Бог, кој чука на врата. Со жената, преку мажот, преку детето, преку љубовта, преку цветот, преку изгрејсонцето и зајдисонцето … Бог може да тропа на вратата на многу начини. “
Раджниш Чандра Мохан Џаин, ака Ошо е роден на 11 декември 1931 година. Тој е духовен учител и филозоф, живеел во Индија и САД. Под влијание на својата баба израснал во апсолутна слобода и без образование, а во подоцнежна фаза вели дека тоа е вистинската формула за воспитување на децата.

Сепак бил многу компетентен во сите источни верски традиции, а во своето учење зборува нашироко и за разновидниот дел од западните религиозни влијанија. Смета дека постои божествено присуство во природата, како и насекаде околу нас. Работел како професор по филозофија на Универзитетот во Џабалпур. Ошо умира во 1990 година.