“Кај фалбаџии, како и кај позлатено оружје, внатрешното не одговара на надворешното.”
Питагора е старогрчки филозоф, чија датумот на раѓање не е познат. Се смета дека починал во 500 година пр.н.е. Приказната за Питагора бе напишана 200 години по неговата смрт. Тој е роден на островот Самос и уште од дете бил многу буден и умен.
Бил и добар спортист и дури зел учество на Олимписките игри. Во 532 година пр.н.е. гради религиозно-философска школа. Питагорејската школа има главна заслуга за развојот на математиката, астрономијата и други науки во следните векови.