“Ако сте премногу големи за да се вклопите во сегашната мода, значи дека само треба да создадете своја.”
Вивиен Изабел Суајер е родена на 8 април 1941 година во Дербишир, Англија. Кога е уште како тинејџерка семејството ѝ се преселува во Лондон. Првично работи како почетен учител, но паралелно со тоа почнува да создава сопствена колекција накит, кој го продава на локалните чаршии.
Со мода започнува да се занимава во 70-тите години на минатиот век, кога го открива модниот магазин Let It Rock. Таа се смета за иноватор во модата.