Мисла на денот за книгите и луѓето

од Vladimir Zorba
68 прегледи

“Бројни книги се како клучеви од непознати соби во замокот на сопственото јас”. – Франц Кафка
Франц Кафка е германски писател од еврејско потекло. Првично се запишал хемија, а неколку недели подоцна почнува да студира право. Додека учи Кафка успева да посетува различни курсеви и да ги развива своите интереси.

Неговите дела се ценети по Втората светска војна во САД и Франција, а во средината на 20 век и во Германија и Австрија. Кафка умира од туберколоза, а денес неговите книги се сметаат за едни од најзначајните во литературата.