“Кога имате потреба од другиот, за да постоите, врската станува зависност. А кога сме зависни, не можеме да избираме. А без избор нема слобода. А без слобода нема вистинска љубов. А без вистинска љубов може да има бракови, но нема да има парови. ” -” Да се сакаме со отворени очи “од Хорхе Буќај.
Буќај е аргентински писател и психотерапевт, добитник на бројни престижни награди. Завршил медицински универзитет, се занимава со настава, како и со спроведување на семинари и обуки во Чиле, Мексико, Костарика и Шпанија.
Едни од неговите најпознати дела се “Писма до Клаудија”, “Од самопочитувањето до себичноста”, “Да се сакаме со отворени очи” и други.