“Се обидов да им објаснам на родителите дека животот е чуден подарок. Во почетокот се преценува овој подарок и мислиме дека сме добиле вечен живот. Потоа го потценуваме и го сметаме за гаден, премногу краток, речиси сме подготвени да го одложиме. И конечно сфаќаме дека не било подарок, туку бил даден само на заем. И тогаш се обидуваме да го заслужиме. – “Оскар и розовата дама”, Ерик-Емануел Шмит
Ерик-Емануел Шмит е француско-белгиски драматург, режисер, сценарист и писател, роден на 28 март 1960 година. Како дете свири на пијано и сонува да стане композитор. Ја завршува елитната школа во Париз, а подоцна успева да добие и докторат по филозофија. За кратко се занимава и со настава.
Потоа почнува да работи како сценарист во театар, а неговата деби претстава е “Жените против Дон Жуан”. Едни од неговите најпознати дела како писател се “Сектата на егоистот”, “Евангелие според Пилат” и други.