Петар Грашо и Тончи Хуљиќ имаат многу интересен однос, а биле блиски и пред пејачот да се ожени за Хана.
Пејачот Петар Грашо е еден од најомилените изведувачи во целиот регион. Покрај музичката кариера, во фокусот е и неговиот љубовен живот, а познато е дека Грашо е во брак со Хана Хуљиќ Грашо со која во 2022 година ја доби ќерката Алба, пренесува „Глоси“.
Хана е ќерка на Тончи Хуљиќ, а неговиот однос со Грашо е повеќе од интересна, бидејќи и двајцата биле пријатели и колеги пред Петар да се ожени со Хана.
Петар Грашо и Тончи Хуљиќ открија неколку интересни факти за нивниот однос во најновата епизода на „Књазалиште“. Имено, во емисијата гостуваше Петар Грашо, но во неколку наврати се појави и Тончи Хуљиќ.
Хуљиќ во еден момент од емисијата откри и како сфатил дека Грашо ја завел неговата ќерка Хана, со која на крајот се ожени и ја доби ќерката Алба, со што Тончи за првпат стана дедо!
„Сфатив дека нешто се случува меѓу него и ќерка ми кога тој веќе немаше никакви замерки. Доаѓаме во студио, снимаме песна и него се му е во ред. Секој пат се согласува со мене, нема проблем, разговорите течат нормално. Мислев дека нешто не е во ред со него. Дека мора да оди на лекар. Мислев дека е болен“, изјави Тончи Хуљиќ.
Тончи и Петар зборуваа за нивниот однос, а нивното меѓусебно „боцкање“ на публиката ѝ е секогаш интересно!
„Каков е Тончи Хуљиќ како таст? Јас сум му нему одличен, а тој ми е мене очаен“, на шега рече Петар и додаде:
„Додека готвам ме навредува дека тоа сигурно нема да биде добро, потоа кога ќе завршам со готвењето, тој ќе изеде се, ќе испие се, па вие проценете кој за кого е добар“, изјави Грашо за „Ин Магазин“.
На сметка на Петар се пошегува и Тончи.
„Тој е лош пример за сите сопрузи, човек кој е толку брилијантен во куќата, што сите пријатели кои ги доведов таму со нивните сопруги ми рекоа повеќе да не ги носам таму да го гледаат тоа. Човекот навистина готви и тоа неверојатно добро. Така што немам што да му советувам, а нема ништо полошо од тоа кога бабите и дедовците премногу се плеткаат. Плеткај се колку што тие бараат“, рекол Тончи своевремено.