Убеден сум дека се работи за формално барање. Албанската опозиција во моментов не сака да дојде до избор на член на ДИК со нивен претставник, туку повеќе сакаат да ја држат тензијата во јавноста, поради напади кон Талат Џафери, изјави потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП, Горан Мисовски за ставовите на Европскиот сојуз за промени.
Според него, „не може да го напаѓаат Џафери дека прави опструкции, а на денот кога се бираше техничката влада, никој од пратеничката група да не биде присутен и да не побара збор“.
-Џафери како поранешен претстедател на Собранието ги испочитува сите одредби. Изборот на член на ДИК се врши со 2/3 мнозинство. Очигледно дека сакаат да печалат ситни политички поени, кажа Мисовски во емисијата на „Слободен печат“.
Тој тврди дека здружената албанска опозиција не сака да дојде до избор на нов член на ДИК. Оценува дека може да остане и празно местото во Изборната комисија.
За инцидентот кога пратениците на Левица кршеа собраниски инвентар, Мисовски вели дека е „ступиден потег, инспириран од ВМРО-ДПМНЕ и тоа што се случуваше на 27-ми април 2017 година“.
-Граѓаните го препознаа тоа, не сакаат насилство и поради тоа рејтингот на Левица е понизок за 15-20% од тоа што го имаа како рејтинг, додаде вториот човек во Собранието.