Мистерија: Дали девојката е силувана , самоубиство ли , пад…???

од Vladimir Zorba
1,4K прегледи

Засега само чаршиски нагаѓања во очекување на официјалните информации од истражните органи.6FBD50622D649542BF327906B36B6AE9

Самоубиство на 20-годишната С.Б. од скопската населба Аеродром, стана загатка, особено по објавите и изјавите на мајката на девојката. Нејзината мајка тврди дека скокот во смрт од деветтиот кат на новоизградената зграда на улицата „Руди Чајавец“ се случил откако тинејџерката била силувана од таксист што ја превезувал дома.

Тоа таа го изјави за порталот Либертас кои неколку пати ја контактирале и таа ги замолила да ја објават нејзината изјава дека била силувана нејзината ќерка од таксист. Подоцна Либертас ја објави следната информација

Имајки го предвид трагичниот настан и болката на мајката за изгубеното дете, сепак редакцијата на Либертас, во интерес на вистината потврдува дека синоќешното сведочење кое го објавивме беше на молба и инсистирање на мајката на девојката.

Како доказ за ваквото тврдење ги поседуваме смс пораките и нејзиниот телефон со молба да го објавиме тоа што во телефонскиот разговор ни го изјави.

Сведочењето на мајката го објавивме од човечки и солидарен аспект, ги прифативме молбите и лелекот кој и нас силно не вознемири.

Од скопската полиција тврдат дека кај нив силување не било пријавено, но затоа, пак, добиле пријава оти 53-годишен таксист во средата наутро кој бил претепан од 39-годишен скопјанец откако симнал патник.

Вчера основното јавно обвинителство Скопје започна со спроведување дејствија веднаш по смртта на девојката во Аеродром, која почина од пад од висококатница .

Obvinitelstvo palata P Piruze Majski(12)

Донесена е Наредба согласно член 247 од Законот за кривична постапка, со која телото на покојната е предадено на Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје за да се направи преглед и обдукција на сега починатата и при тоа да се утврди конкретната причина за смртта на девојката, како и да се изврши дополнително медицинско вештачење на телото на девојката.

„Наредбата е дадена со цел да се обезбедат траги и докази од кои евентуално би се утврдило постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело силување од член 186 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Според првичните резултати добиени од Институтот произлезе дека кај сега покојната девојка не се констатирани траги на насилен сексуален однос.

„Истовремено во текот на полициските извиди од страна на МВР беа извршени разговори со повеќе лица, меѓу кои и мајката на девојката која во своето известување пред надлежни полициски службеници навела дека настанот не бил пријавен во полиција, затоа што во ниту еден момент претходно од страна на нејзината ќерка, сега покојната, не и било кажано дека таа била жртва на насилен сексуален акт“, се додава во соопштнието.

Соседите во новата зграда вселена од пред два месеца велат ништо не случнале, и не се ни познаваат со соседите.

Несреќната смрт на талентираната пејачка ги шокираше сите што ја познавале. Кратко потоа, нејзината мајка се огласи на „Фејсбук“.

„Мајкина душа, мила, сонце што црташе, пееше, свиреше, трошка злоба немаше во ова дете-уметник. Мамичко моја, бебе мое, зошто сонце мое? Ме уништи, сине! Денеска почина мојот ангел, јас не можам да се соземам. Стефи, мама многу те сака, за мене повеќе нема живот“, пишува во трогателната порака.
Од објавите по медиумите и социјалните мрежи се вели дека последната порака на Стефани Б била на Фејсбук каде ноќта неколку часа пред падот  напишала :Убаво ни е

стефани фб

Тоа испаѓа дека е постирано по наводното силување  и пред падот !?

„Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Во средата се случи нешто трагично за неа, кое, ете, не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее сведочи мајката.

Во скопската полиција демантираат дека добиле пријава за силување. Но, такси-возачот пријавил дека бил физички нападнат во моментот кога ја оставил патничката.

Од полицијата информираат дека во средата околу 15:35 часот, Ј.С. (53) пријавил дека утрото околу 4:30 часот, на улицата „Коста Новаковиќ“, во чија близина е „Руди Чајавец“, додека симнувал патник од возилото, бил физички нападнат од А.З. (39) од Скопје.

„Бил удиран со боксови и клоци по главата и телото, од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расеченица на левата аркада и расеченица на задниот дел од главата. Потоа напаѓачот побегнал во непознат правец со патничко возило ‘опел‘. Во полициска станица е направен записник за примање пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Физичкиот напад е расчистен“, соопшти МВР.

Испадна дека тепачот бил пријателот на мајката на Стефани Б.

Починатата девојка живеела со нејзината мајка, која е сопственик на спа-центар.Во нејзините пораки на ФБ не се забележува незадовослтво, напротив споделува среќни моменти

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.