Мистеријата е се поголема: Исчезна монолит во Романија, исто како оној во САД (видео)

од Nikola Popovski
560 прегледи

Сјајниот метален монолит исчезна денес од романскиот планински округ Неамт, четири дена по неговото ненадејно појавување во близина на античката дачанска тврдина, предизвикувајќи шпекулации дека може да биде поврзан со мистериозната градба, веќе видена во САД.

Сличен столб бил забележан во пустината Јута во САД пред околу две недели, објави Ројтерс.

Наместо да се шпекулира дека станува збор за вонземски објект, вистината за романскиот монолит е прозаична.

„Конструкцијата висока 2,8 метри исчезна во текот на ноќта тивко како што беше поставена минатата недела“, изјавил за британската новинска агенција, новинарот Роберт Јосуб од локалниот дневен дневник „Зиар Пјатра Неамт“, кој ја видел оваа структура.

„Неидентификувано лице, очигледно лош локален заварувач, го стори тоа. Сега има само мала дупка покриена со карпесто тло“, откриле локалните репортери, изјавил тој.

Металната конструкција имала слабо заварен спој, изјавил Јосуб.

Портпаролката на полицијата во Пјатра Неамт, Џорџијана Мосу, изјавила дека полицијата спроведува истрага за незаконски инсталираната структура во заштитеното археолошко подрачје на 27 ноември.

Слични содржини