Огромен метален цилиндар е пронајден од страна на мештаните на плажата Грин Хед, на околу 250 километри северно од Перт, Австралија, пишува Би-Би-Си.
Државните и федералните власти го истражуваат објектот, за кој во моментов не се верува дека е дел од комерцијален авион.
Властите во моментов го третираат како „опасен предмет“, а полицијата ги замоли граѓаните да се држат настрана од него.
„Сакаме да ја увериме заедницата дека сме активно вклучени во работата со различни државни и федерални агенции за да се утврди потеклото и природата на предметите“, се вели во соопштението на полицијата.
Полицијата во истрагата соработува со војската и со Австралиската вселенска агенција.
Жителите на Грин Хед Бич изјавија дека цилиндерот бил широк околу 2,5 метри и долг помеѓу 2,5 и 3 метри, објави австралиската јавна телевизија.
A giant mysterious metal cylinder has left locals stumped after the debris appeared suddenly on the shoreline of WA's Midwest.
The huge metal object was found on a beach near Green Head on Sunday, with local residents reporting the suspicious item to police.
The item is… pic.twitter.com/XzUhAGznna
— 10 News First Perth (@10NewsFirstPER) July 17, 2023
Експертот за авијација Џефри Томас рече дека објектот најверојатно бил резервоар за гориво од проектил што паднал во Индискиот Океан во некоја фаза во последните 12 месеци.
Австралиската вселенска агенција соопшти дека е можно џиновскиот цилиндар да паднал од „вселенска ракета“ и ќе провери со други меѓународни агенции.
Ако се работи за боца со гориво, експертите веруваат дека може да е од индиска ракета и може да содржи токсични материјали. Се надеваме дека серискиот или каталошкиот број може да потврди дали е тоа така или не.
Имаше некои шпекулации дека цилиндерот можеби бил дел од MH370 – авионот што исчезна во близина на брегот на Западна Австралија во 2014 година со 239 луѓе во него. Но, Томас вели дека „нема шанси“.
„Тоа не е дел од Боинг 777, а факт е дека MH370 е изгубен пред девет и пол години, така што ќе видите многу повеќе истрошеност на остатоците“, рече тој.