Мистериозна болест се појави во Индија: Повеќе од 200 лица се хоспитализирани (видео)

од Nikola Popovski
461 прегледи

Најмалку едно лице почина, а 227 се хоспитализирани откако се разболеле од неидентификувана болест во индиската јужна држава Андра Прадеш.

Пациентите имале широк спектар на симптоми – од гадење до напади и несвестица, велат лекарите.

Официјалните лица сè уште ја испитуваат причината за болеста што го погоди градот Елуру за време на викендот. Во меѓувреме, Индија продолжува да се бори против пандемијата, како втора земја во светот со најголем број случаи на коронавирус. Андра Прадеш е една од најтешко погодените земји – со повеќе од 800.000 случаи.

Но, се чини дека Ковид-19 не е причина за хоспитализации за време на викендот. Државниот министер за здравство Ала Кали Кришна Сринивас изјавила дека сите пациенти имале негативен тест за коронавирус.

„Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија на горење на очите. Некои од нив се онесвестија или доживеаа напади“, изјавил медицински службеник од владината болница Елуру за весникот „Индијан експрес“.

Седумдесет лица се отпуштени од болница, додека други 157 се уште се лекуваат, соопштија официјалните лица.

Главниот министер за здравство во Индија, Јаганмохан Реди, изјави дека специјални медицински екипи се испраќаат во Елур, за да ги испитаат причините за болеста. Се очекува Реди да го посети градот за да се сретне со пациентите и нивните семејства.

Сринивас истакнала дека примероците од крвта на пациентот не откриваат докази за вирусна инфекција.

„Ние го елиминиравме загадувањето на водата или загадувањето на воздухот како причина откако официјалните лица ги посетија областите каде што луѓето се разболија. Тоа е мистериозна болест и само лабораториска анализа ќе открие за што станува збор“, рекла тој.

Слични содржини