Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, славниот Португалец Кристијано Роналдо, го разбранува фудбалскиот свет со објава на социјалните мрежи. Неговиот Ал Наср претрпе пораз во последното коло од првенството на Саудиска Арабија против Ал Фатех (3:2), завршувајќи на разочарувачкото трето место на табелата и со тоа пропуштајќи место во Азиската Лига на шампиони.
Болниот пораз беше проследен со шокантен пост од Португалецот на социјалните мрежи.
„Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен на сите“, напиша Роналдо на својот профил „X“.
This chapter is over.
The story? Still being written.
Grateful to all. pic.twitter.com/Vuvl5siEB3— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 26, 2025
Многумина веруваат дека со оваа порака тој наговестил дека нема да го гледаме во дресот на Ал Наср следната сезона.
Да потсетиме дека на Роналдо, кој неодамна го прослави својот 40-ти роденден, ова лето му истекува договорот со богатиот саудиски клуб. Се шпекулираше дека Ал Наср веќе подготвил нова астрономска понуда за Португалецот, но сè уште не дошло до потпис.