Гуска, тешка 22 килограми и висока 1 и пол метар живеела во Медитеранот пред 6 до 9 милиони години, но не можела да лета, објави “Дејли мејл.

Крилата на огромната гуска Garganoris Ballmann и служеле само за борба поради тоа што биле мали.
Научниците од Универзотот во Торино трагаат по нови фосили од ова животно, за да дознаат повеќе детали за овој вид гуска.
Досега се пронајдени фосили во Италија во областа Гаргано.