325
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун се појавил во јули на состанокот со воените и полициските лидери со фластер на задниот дел од главата.
Тоа предизвика нови гласини за неговата здравствена состојба.
Видеото, кое се појави во медиумите на 30 јули, но се уште не е официјално потврдено, го прикажува Ким Јонг Ун на состаноци одржани во Пјонгјанг од 24 до 27 јули, пишува „NBC News“.
Тој веќе немал фластер во последниот ден, но темна рана била видлива на неговата глава.