Равил Маганов, претседател на одборот на вториот по големина руски производител на нафта „Лукоил“, починал во четвртокот откако паднал од прозорецот на болницата во Москва, изјавил за „Ројтерс“ извор запознаен со ситуацијата.
Руските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, исто така јавија за смртта на 67-годишниот Маганов, кој беше и потпретседател на компанијата.
„Лукоил“ не ја коментираше смртта на Маганов.
Компанијата е најголемиот приватен производител на нафта во земјата, а во март отворено ја критикуваше инвазијата на Владимир Путин на Украина.
Во соопштението за печатот на рускиот производител на нафта објавено во март на официјалната веб-страница на „Лукоил“, тие напишаа дека се загрижени за трагичните настани во Украина и ги поддржуваат преговорите за прекин на конфликтот.
Надзорниот одбор на компанијата тогаш повика на итен прекин на огнот.
Маганов работел во „Лукоил“ од 1993 година, веднаш по основањето на компанијата, надгледувајќи ја обработката, производството и истражувањето на нафта.
Тој стана директор на „Лукоил“ во 2020 година. Неговиот брат Наил Маганов е на чело на рускиот производител на нафта „Татнефт“.
Равил Маганов бил близок соработник на еден од основачите на „Лукоил“, Вагит Алекперов.
Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на „Лукоил“ во април, една недела откако Британија ги замрзна неговите средства и му воведе забрана за патување како дел од санкциите против Русија.
⚡️ Vice President of Lukoil Ravil Maganov threw himself from the 6th floor of the TSKL in Moscow.
The oilman died on the spot from his injuries, his body was discovered by medical personnel. The reasons for what happened have not yet been established. pic.twitter.com/kCPewki86l
— Flash (@Flash43191300) September 1, 2022