МИСТЕРИОЗНИОТ МОНОЛИТ СЕ ПОЈАВИ ВО БРИТАНИЈА: Жителите на Островот Вајт во ШОК!

од Vladimir Zorba

Четвртиот мистериозен монолит се појави на Островот Вајт, придружувајќи се на сличните структури во Калифорнија, Јута и Романија.

Сјајниот метален столб го открил локалниот жител Том Данфорд (29), кој во неделата наутро шетал со своето куче со својата свршеница и сестра на островската плажа Комптон, пренесе „Ивнинг Стандард“.

По неодамнешните извештаи во печатот за мистериозни предмети што се појавија низ целиот свет, Данфорд рече дека веднаш го препознал како монолит.

„Лицето што го ставило таму знае што прави. Некој се шегува со нас“, вели тој.

Од првото појавување во Јута на 18 ноември, високи столбови се појавија на еден рид во Романија, на врвот на една планина во Калифорнија и сега на британскиот брег.

Оваа енигма ја поттикна фантазијата ширум светот и многу луѓе ги споредија креациите со импозантниот сребрен монолит во филмот „2001: Вселенска одисеја“ на Стенли Кјубрик.

Данфорд го опиша моментот кога тој и неговите придружници налетаа на најновиот додаток во збунувачката глобална колекција нешто по 7.30 часот, во ладен зимски ден.

„Се спуштивме по скалите и десно, околу 100 метри пред нас, го видовме овој голем одраз на сонцето“, рече тој за „Скај Њуз“.

Досега никој не се пријавил доброволно да ја преземе одговорноста за инсталацијата на монолитот на островот Вајт.

Анонимна сметка наречена „Најпознат уметник“ ги собра заслугите за инсталациите во Јута и Калифорнија.

Тој објави слика на монолитот во Јута на Инстаграм, со цена од 45.000 американски долари (34.000 фунти).

Сепак, на прашањето за најновата структура, тој одговори: „Монолитот во моментот е надвор од негова контрола“.

Слични содржини