Мистериозниот одговор на Вестбрук на прашањето дали ќе остане во Денвер

од Марта Пешевска
111 прегледи

Денвер Нагетс ја завршија сезоната по поразот од Оклахома (123:95) во седмиот натпревар од второто коло од НБА плејофот. Многу прашалници стојат пред франшизата од Колорадо, а еден од нив ќе биде и Расел Вестбрук. Се очекуваат бројни промени во составот на шампионот од 2023 година, а поранешниот МВП би можел да биде еден од играчите кои ова лето ќе ја сменат средината.

Новинарот на „Денвер Газет“, Вини Бенедето, се обиде да го праша Вестбрук во соблекувалната дали планира да ја активира својата „опција за играч“ и да остане уште една година во тимот. Вестбрук одговори со прашање:

Вестбрук му одговори на прашањето со прашање дали Бенедето знае што ќе облече утре. Новинарот рече дека не зна е, по што Расел одговори „Точно“ и ја напушти соблекувалната на Денвер. Вестбрук во Колорадо пристигна минатото лето и во плејофот имаше просек од 11,7 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции на 13 одиграни натпревари.

Слични содржини